За нас

Toshevski

Адвокат Трајче Тошевски

Адвокатската канцеларија „Тошевски“, е основана во 2013 година од страна на Адвокат Трајче Тошевски. Својата адвокатска дејност адвокатската канцеларија ја остварува на целата територија на Република Македонија. Основната цел на Адвокатската канцеларија „Тошевски“ претставува квалитетно изнаoѓање на соодветно и брзо решение на сите правни предизвици со кои се соочуваат Клиентите, почитувајќи ги принципите на доверба, професионалност и ефикасност. Во нас ќе имате секогаш партнер кој навремено, дискретно, посветено и ревносно ќе ги заштитува вашите права и на закон засновани интереси пред сите надлежни судови, државни институции, организации и друг вид на правни субјекти. На нашите клиенти им обезбедуваме максимална правна заштита, со целосна ангажираност на вашиот проблем и случај. Препознатлив дел од секојдневното работење на адвокатската канцеларија претставува подготовката на секогаш најдобра одбрана и застапување, посветувајќи особено внимание на секој случај, и тоа секогаш во најдобар интерес на нашите клиенти.

Адвокатската канцеларија Тошевски на своите клиенти им нуди комплетна правна помош во разни области на правото, особено во стопанското, деловното право, работни односни, кривичното право, семејното право, наследното право, облигационото право и сопственост, а покрај ова нудиме услуги како овластен регистрационен агент за потреби за регистрација на фирми и друг вид на промени пред Централниот регистар.

Правната помош која ја нудиме е лесно достапна за нашите клиенти кои на брз и едноставен начин, следејќи ги модерните трендови на комуникација, можат да пристапат до услугите кои ги обезбедуваме во најбрзо време. За таа цел, препознавајќи ги потребите на модерното време, креиравме алатки за секојдневна и брза комуникација, овозможувајќи и онлајн следење на постапките кои ги водиме при давањето на правната помош.

ФОРМАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Адвокат Трајче Тошевски своето формално образование го стекнал со завршување на додипломските студии на Правниот факултет „Јустинијан Први” во склоп на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје, каде веднаш по завршувањето во 2008 та година, се вработува како адвокатски приправник во познато адвокатско друштво во Скопје. Постдипломските студии ги завршува со успешна одбрана на магистерскиот труд на тема: „Одговорност за штета поради дела сторени од корупција”, со што практично го определува текот на својата работа во која прави симбиоза на граѓанското и кривичното право како две полиња на кои се посветува најмногу во својата работа. Во 2011 година се стекнува со звање Магистер по правни науки. По успешното полагање на правосудниот испит, се стекнува со лиценца за вршење на адвокатската дејност.

ГЕНЕРАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРАВНИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Како генерални информации од кои може да стекнете генерални впечатоци за правниот систем во Република Македонија, правила и постапки, организација на судскиот систем, пристапот до судовите и друг вид на информации, можете да се користитите со податоците на оваа веб адреса.

За подетални и поподробни информации за функционирањето на правниот систем во Република Македонија обратете сѐ директно до нас.