Политика на приватност
Општи податоци
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на Вашите лични податоци кога ја посетувате нашата веб-страна. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни за исполнување на целта на обработката. Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Контролор на лични податоци
Контролор на личните податоци е Адвокат Трајче Тошевски, со седиште на ул. „Јордан Хаџи Константинов Џинот “ бр.23, Велес, Република Македонија.
Чии податоци собираме
Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
- Посетители на нашата веб-страна toshevski.com. Во принцип, собираме податоци за навигација (види подолу), кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб-страна, како и за одржување на информациската сигурност на нашата веб-страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте во секцијата Политика за користење ма „колачиња“;
- Баратели на правен совет / правна информација/ следење на предмети и друго преку контакт-формата на веб-страната. Овие барања содржат лични податоци за подносителот на барањето: име и презиме, е-маил адреса и контакт телефон;
Категории на податоци
Податоци за навигација:
- Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
- URL на страната која Ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете веб-страната на Адвокатска канцеларија Тошевски/Адвокат Трајче Тошевски;
При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса;
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
- Вашиот оперативен систем;
- Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- Јазикот на пребарувачот кој го користите;
- Држава (се одредува преку IP адресата).
Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб-страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би Ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања, како што е давање на правна помош – советување во врска со поднесени барања за правен совет/информација.
Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
- преку Вашето користење на нашата веб-страна, вклучувајќи ја овде и формата за контакт;
- преку нашиот е-маил: info@toshevski.com;
- преку пошта;
- преку телефон;
- по усмен пат.
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.
Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- Право да бидете информирани за обработката на личните податоци;
- Право на пристап до личните податоци;
- Право на исправка и бришење на личните податоци;
- Право на ограничување на обработката на личните податоци;
- Право на приговор.
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да нѐ контактирате директно на следниот е-маил: info@toshevski.com
Право на поднесување на барање до Адвокатска канцеларија Тошевски
Ако сметате дека со начинот на кој Адвокатска канцеларија Тошевски ги обработува Вашите лични податоци, се врши повреда на одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на лични податоци како надзорно тело согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.
Политика за користење „колачиња“
Нашата веб-страница користи „колачиња“ (мали текстуални датотеки), кои овозможуваат подобро функционирање на страницата, но и подобро искуство за Вас додека ја користите. Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, ние ја почитуваме Вашата приватност и ги штитиме сите Ваши лични податоци што се собираат при посетата на веб-страницата.
Внимателно прочитајте ја оваа Политика за „колачиња“, истата објаснува што се тоа „колачиња“, ги опишува видовите „колачиња“ што ги користиме на веб-страницата и целите за нивна обработка за да бидете информирани за сите детали околу користењето на „колачињата“ и информациите што ги собираме за Вас и од Вас.
За повеќе информации за заштита на правата на приватност во нашата компанија, прочитајте во секцијата „Политика на приватност“.
Вашата согласност за употребата на „колачињата“ од нашата веб-страница можете да ја промените или повлечете во секое време. Согласноста која ја давате важи само за: toshevski.com
Што се тоа „колачиња“? „Колачињата“ (cookies) се мали текстуални датотеки кои се испраќаат од веб-страниците што ги посетувате и се зачувуваат на Вашиот уред.
Колачињата се користат многу често од сопствениците на веб-страниците со цел да се олесни функционирањето на веб-страницата или да се запомнат Вашите активности и преференции за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб-страницата и слично. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од веб-страниците што ги посетувате и да помогнат за Ваша идентификација при повторна посета.
„Колачињата“ поставени од сопственикот на веб-страницата или од давателот на услуги се нарекуваат „колачиња на првата страна“. „Колачињата“ што се поставени од други страни, а не од сопственикот на веб-страницата, се нарекуваат „колачиња на трети страни“.
Како ние ги користиме „колачињата“? Како и многу други веб-страници, и ние користиме „колачиња“ (cookies) од следниве причини:
- За техничко функционирање на веб-страницата;
- За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не се согласувате) со нашето користење на „колачиња“ (cookies) на оваа веб-страница.
Кога ја посетувате нашата веб-страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување – како на пример IP-адресата. Понатаму, која содржина од веб-страницата сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб-страница сте биле пренасочени.
Каков вид „колачиња“ користиме? Користиме постојани „колачиња“ (cookies), кои го помнат пребарувањето, односно сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот со цел да се задржи состојбата на корисникот.
Како да ги избришете или блокирате „колачињата“? Повеќето прелистувачи овозможуваат одредена контрола на „колачињата“ преку поставките на прелистувачот. Меѓутоа, ако ги користите поставките на прелистувачот за блокирање на сите „колачиња“ (вклучително и функционалните „колачиња“), можеби нема да можете да пристапите до целата веб-страница или до одредени нејзини делови.
Промена на поставките за „колачиња“. Поставките на прелистувачот за промена на поставките за „колачиња“ обично се наоѓаат во менито „Options“ или „Preferences“ на Вашиот прелистувач. За да ги разберете овие поставки, може да Ви бидат корисни следните линкови. Во спротивно, треба ја користите опцијата „Help“ во Вашиот прелистувач за повеќе детали:
- Cookie settings in Internet Explorer
- Cookie settings in Firefox
- Cookie settings in Chrome
- Cookie settings in Safari
За да дознаете повеќе за „колачињата“, вклучително и како се поставени, како да управувате со нив и како да ги избришете, посетете ја веб-страницата www.aboutcookies.org или www.allaboutcookies.org.