Известувања

Честит 8 Септември – Денот на независноста

20

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, Адвокатската канцеларија Тошевски упатува искрени честитки до сите свои клиенти, деловни соработници и до сите граѓани на Република Македонија.

8 Септември е ден кој го одбележува стремежот на македонскиот народ кон слобода, самостојност и сопствена државност, како и историскиот избор за независна и суверена држава.

Нека овој ден биде потсетник на значењето на слободата, достоинството, одговорноста и почитувањето на правото – вредности кои се темел на секое демократско општество.

Честит 8 Септември – Денот на независноста!

Објавено: 07 сеп 2026 12:00