Блог објава
УСТАВНИОТ СУД ГО ЗАПРЕ ИЗВРШУВАЊЕТО НА ПОЕДИНЕЧНИ АКТИ И ДЕЈСТВИЈА ПОВРЗАНИ СО ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ОБЈЕКТИ
Објавено: 25 мај 2026 20:15
Јавноста ја информираме дека Уставниот суд на Република Северна Македонија на седницата одржана на 29.04.2026 година донесе решение со кое се запира извршувањето на поединечните акти и дејствија преземени врз основа на член 6 став 6 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, сè до донесување конечна одлука по предметот.
Истовремено, Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на оспорената законска одредба, бидејќи основано се поставило прашањето за нејзината согласност со уставните одредби кои се однесуваат на владеењето на правото, еднаквоста на граѓаните и правото на сопственост.
Станува збор за законска одредба која се однесува на случаи кога бесправно изграден објект е изграден на земјиште кое во моментот на изградбата било во сопственост на државата, а во меѓувреме сопственоста преминала на друго физичко или правно лице.
Судот оценил дека понатамошното извршување на поединечните акти и дејствија врз основа на оваа одредба би можело да предизвика тешко отстранливи последици, поради што е донесена мерка за нивно запирање до конечната одлука.
Ова решение може да биде од значење за граѓаните кои имаат започнати, нерешени или активни предмети за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, бидејќи може да влијае врз текот на конкретните постапки.
Секој предмет има свои специфични фактички и правни околности, поради што потребна е индивидуална анализа за утврдување на евентуалното влијание на оваа одлука врз конкретен случај.
За правни информации и анализа на конкретен предмет, можете да нѐ контактирате.
Линк до објавата на Уставниот суд: https://ustavensud.mk/archives/39075
Адвокатска канцеларија Тошевски
Најпосетени објави
Ново правило за плаќање во готовина на стоки и услуги
ЗАКОН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ Службен весник број:...
ВО ПРИМЕНА НОВ ПРАВИЛНИК ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Започнувајќи од 1 јули 2025 година во примена влегува новиот Правилник за безбед...
Како да добиете ''Certificat de coutume / Сертификат за обичај''
Certificat de coutume / Сертификат за обичај Што е Сертификат за обичај? C...